Барселона по 21 година остана без пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите.
А во каква состојба е каталонскиот гигант најдобро говорат реакциите на играчите по натпреварот во Минхен.
Барса беше немоќна против Баерн (0:3) во мечот на одлука, а додека некои играчи беа потресени од елиминацијата од Лигата на шампионите, други не беа ни допрени.
Поразот во Минхен особено тешко му падна на 17-годишниот Гави, кого тренерот Чави го замени во самата завршница од натпреварот.
Една од посветлите точки точка во оваа мрачна сезона за Барселона,заплака разочаран од поразот на Алијанц Арена.
Од друга страна, најмалку се потресоа некои стандардни првотимци од кои се очекува најмногу.
Меѓу нив е и стоперот Клемон Ленгле, кој со години е еден од најлошите играчи на Барса.
Французинот по натпреварот пријателски разговараше со Роберт Левандовски, па дури и се насмеа.
А Левандовски на два меча постигна два гола против него со една асистенција.