Францускиот шампион Пари Сен Жермен со пола сили вечерва го разнесе Клермон, па му даде пет гола за победнички почеток на одбраната на шампионската круна од минатата сезона, во воведното коло во Лига 1.
Парижаните вечерва се забавуваа на теренот, можеа до врв да го наполнат противникот, но рутински и без премногу форсирање дадоа пет гола за убедливиот триумф во кој Лионел Меси даде два гола и додаде асистенција, а Нејмар погоди еднаш и имаше хет-трик во асистенции.
За едно полувреме ПСЖ реши сѐ околу победникот, тргна со гол на Нејмар по додавање на Меси во деветата минута, па Ашраф Хакими ја дуплираше предноста во 36-та, а Маркињос додаде трет гол во 38-та, после две завршни додавања на бразилската суперѕвезда.
Во вториот дел, Меси додаде два гола во последните десет минути, прво на асистенција на Нејмар во 80-та, а потоа на Леандро Паредес во 86-та за конечните 5-0.