Челзи успеа да стигне до минимална победа (0-1) на гости против Евертон во меч што траеше повеќе од сто минути. На крајот, пресуди пеналот што го реализираше Жоргињо во последните мигови од првото полувреме.
Новите засилувања Калиду Кулибали и Рахим Стерлинг беа во стартниот тим на Томас Тухел.
Евертон остана без Бен Годфри, кој заработи сериозна повреда на ногата и беше изнесен на носилки и одведен во болница.