Македонскиот претставник Шкендија ја продолжува европската одисеја во Конференциската лига на УЕФА откако оствари и втор триумф над летонската Валмиера (3-1) во Скопје.

Претходно, тимот на Артим Шаќири славеше со 1-2 и на гостувањето во Летонија. Следен ривал на Шкендија ќе биде шведскиот тим АИК Стокхолм.

Капитенот Егзон Бејтулаи ја доведе Шкендија во водство во 11.минута, а Валмиера израмни преку Масаки Мурата во 25.минута.

Љупчо Дориев не дозволи гостите да се надеваат на нешто повеќе од пораз откако со одлична соло акција ја врати предноста на Шкендија во 33.минута.

Победата на Шкендија и пласманот во следното коло го завери Флорент Рамадани во 85.минута.