Аргентина играше пријателски меч соКурасао и го торпедира победувајќи ги со 7-0.
Главна ѕвезда беше Лео Меси кој постигна три гола, сите во првото полувреме, имаше и една асистенција.
Голови дадоа и Гонзалез, Фернандез, Ди Марија и Монтиел.
Но, една од ситуациите кои се најактуелни на социјалните мрежи е едно неверојатно промашување на напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез кој имаше празен гол пред себе, но не успеа од половина метар ниту да шутира кон голот, и буквално се посрамоти.