Парагвајскиот голман, Антони Силва има кошмари од една од најголемите фудбалски легенди на Чиле, Алексис Санчез, екс-фудбалерот на Арсенал, Манчестер јунајтед, Барселона, кој сега игра за Олимпик Марсеј, откако вторпат во нецели две години прима гол од – корнер.
Силва прими гол од корнер што го изведе Санчез во ноември 2021 година, а сега вторпат прима гол во 74-та минута кога Чиле израмни, за на крај да триумфира на натпреварот со 3-2.
Санчез е легенда на Чиле со рекордни 152 натпревари и 50 постигнати голови.