Германскиот фудбалски шампион, Баер Леверкузен ја совлада првата препрека во Купот на Германија. Но, многу потешко од очекуваното. Фудбалерите на Чаби Алонсо се намачија против нисколигашот Карл Цајс Јена и на крај остварија победа од минимални 0-1, ис пласираа во втората рунда од Националниот Куп.
Шпанскиот тренер се реши натпреварот на гости да го започне со речиси најсилен состав. Шик беше предводник на нападот, а веднаш зад него беа Ади и Хофман, кој во вториот дел го постигна единствениот гол на средбата.
Баер имаше иницијатива и создаде многу шанси, но домаќините успешно се бранеа. Во вториот дел Алонсо во игра го внесе Грималдо, кој по само шест минути игра запиша асистенција по која Хофман со прекрасен гол со глава го постави конечните 0-1 и го одведе својот тим во 1/16финалето во Купот на Германија.
Во продолжение во игра влегоа и Вирц, Фримпонг и Џака, но резултатот остана непроменет.