Еден од најпознатите фудбалски агенти Мино Раиола минатата среда во Милано беше опериран, по што работите се искомплицираа.
Прво објавија италијанските медиуми, а потоа стигна и потврдата на портпаролот на Раиола дека агентот во болницата „Сан Рафаел“ бил на рутинска операција, но сега е во тешка состојба и е на интензивна нега.
Италијански агент има проблем со белите дробови и лекарите се борат за неговиот живот, јавуваат локалните медиуми.
https://twitter.com/partidazocope/status/1484237435286568961?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1484237435286568961%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fpulsembed.eu%2Fp2em%2FrqrcdeCBH%2FОвој 54-годишен спортски работник е еден од најуспешните во својата дејност, се грижи за кариерите на многу светски ѕвезди, а познат е и по специфичната соработка со Златан Ибрахимовиќ.
Покрај тоа, тој моментално е агент на еден од најбараните фудбалери, Ерлинг Халанд, додека ги води и кариерите на Џанлуиџи Донарума, Пол Погба, Матијас Де Лихт, Марко Верати …