Грчкиот тенисер Стефанос Циципас го совлада Беноа Пера во третото коло на Австралија опен, а мечот го одбележаа помали контроверзии.

Четвртиот рекет во светот славеше со 6:3, 5:7, 7:6 (2) и 6:4, но при борбата покажа дека не успеал да се ослободи од некои стари навики, поради што бил критикуван претходно.

Главната судијката на овој меч, Маријана Вељковиќ, го предупреди гркот. Причината беше за тајни консултации со тренерот, кои Маријана не сакаше да ги толерира.

https://twitter.com/tennis_gifs/status/1484772959998906371?s=20

Кога тоа се случи, Пер водеше со 4:3, а Циципас имаше сервис. По нејзиното предупредување, Гркот прво се збуни, а потоа со иронично се насмеа.