Светскиот тенисер број еден, Италијанскиот тениски ас Јаник Синер, имаше успешен старт на завршниот АТП Мастерс што се игра во Торино.
Првиот светски рекет ја оправда улогата на фаворит во дуелот со Алекс Де Минор кого го совлада со 2-0 во сетови. Синер одигра квалитетно и за 85 минути дојде до првото славје во групата Илија Настесе во која се уште Телјор Фриц и Данил Медведев.
Јаник триумфираше со 6:3, 6:4 и релаксирано ќе го дочека вториот меч против Фриц кој денеска беше подобар со Медведев со 2-0.