Ракометарите на германскиот Кил сензационално се поразени на домашен терен во вечерашната пресметка со Динамо Букурешт (31-32) во реванш-дуелот од осминафиналето во ЛШ. Сепак обезбедија пласман меѓу осум најдобри во ова натпреварување, а причина за тоа е убедливата победа во Букурешт, каде што Кил победи со дури 13 голови разлика (41-28). Бундеслигашот вечерва загуби во луд финиш и тоа по водство од 31-30, откако прими гол буквално во последната секунда и тоа со шут од центар додека беа без голман. Стрелец на победничкиот гол за Романците беше Акименто, кај кого дојде топката по грешката на домаќинот на нерешено (31-31) кога играа со седум ракометари во поле. Лудата завршница погледнете ја ТУКА.
Во таборот на германскиот гигант се истакна Егберг со девет гола, додека за Динамо пет гола има поранешниот вардарец Кудуз. Во четвртфиналето Кил ќе се сретне со ѕвездениот тим на ПСЖ.