Eкипата на унгарскиот ракометен гигант Веспрем во еден драматичен натпревар и по продолженија успеа за првпат да го освои трофејот на Супер Глоуб откако во финалето триумфираше над Магдебург со 33-34.
Магдебург кој го освојуваше трофејот во изминатите три години конечно беше симнат од тронот.
Финалето донесе максимално изедначена игра и во најголем дел од натпреварот се играше гол за гол. Првата посериозна предноста Веспрем ја направи кон средината на второто полувреме кога поведе со 18:22. Магдебург до крајот сепак успеа да се врати, па регуларниот дел заврши без победник 28-28.
Во дополнителните десет минути ракометарите на Веспрем беа за нијанса подобри и со минимални 33-34 извојуваа голема победа и за првпат го освоија трофејот за најдобра светска екипа.
Кај новиот светски шампион прв стрелец беше Лудовик Фабрегас со девет гола од десет обиди, а одличен беше и Недим Ремили со осум. Во таборот на Магдебург седум гола постигна Магнусон.