Екипата на Манчестер Јунајтед во самиот финиш се избори за реми на гости кај Порто на „Драгао“, играјќи 3-3 (2-2) во дуелот од второто коло на Лига Европа. Гостите имаа огромни проблеми и беа на работ на нов пораз, но успеаја да израмнат во 91. минута со голот на Хари Мегваер.

Манчестер Јунајтед имаше одличен старт и предност од 0-2, со головите на Рашфорд и Хојлунд во 7. и 20. минута, но потоа одново се вратија на проблемите кои ги имаат од почетокот на сезоната.

Порто во само седум минути прво во 27, па во 34. преку Пепе и Омордион дојде до 2:2 на паузата.

 

Порто тргна во силна офанзива, а во 50. минута, Саму го постигна својот втор погодок.

Јунајтед остана и со играч помалку откако Бруно Фернандеш заработи втор жолт картон во 81. минута. И кога се чинеше дека гостите од Англија повторно со пораз ќе се вратат дома, на сцената стапи дефанзивецот Хари Мегваер, кој постигна гол во 91. минута и го спаси Јунајтед од пораз.

Атлетик Билбао оствари сигурна победа од 2-0 над АЗ Алкмар, Ајнтрахт Франкфурт убедливо го надигра Бешикташ во Истанбул (1-3), Лион се враќа од Глазгов со голема победа кај Ренџерс со 1-4, Елфсборг ја изненади италијанската Рома и победи на домашен терен со 1-0, додека ПАОК загуби од Стеауа пред своите гледачи во Солун со 0-1.

Унион Сент Жилоа и Бодо Глимт ремизираа 0-0, а со истиот резултат заврши и мечот помеѓу Викторија Плзењ и Лудогорец.  Дуелот меѓу Твенте и Фенербахче заврши(1-1).