Ромелу Лукаку беше најлошиот играч на Челзи во победата на европскиот шампион од 1-0 во 26. коло од Премиер лигата против Кристал Палас. Белгиецот го одигра еден од најлошите натпревари во својата кариера и натпревар што Премиер лигата никогаш досега не го видел. Се запиша во историјата, но дефинитивно од непополарна статискика.
Култниот италијански тренер Фабио Капело за Football Italia објасни зошто Лукаку се мачи во Челзи откако го доведе Интер до титулата минатата сезона со 24 гола. „Лукаку совршено се вклопи во стилот на контранапад на Конте во Интер бидејќи имаше многу простор, ја имаше таа физичка сила и темпо што му овозможи да ги уништи одбранбените играчи во Серија А“, рече Капело.
„Сепак, Челзи игра многу различен фудбал со многу кратки додавања, а Лукаку го нема истиот простор за движење. Исто така, мислам дека во Англија дефанзивците физички се послични на него, па можат подобро да ги издржат дуелите“, заклучи италијанскиот селектор.
Белгискиот напаѓач минатото лето по втор пат во кариерата се врати во Челзи. Лондонскиот клуб за тоа му плати на Интер дури 113 милиони евра. Лукаку има само пет првенствени гола на 17 натпревари оваа сезона.