Нант на нашиот селектор и капитен Кирил Лазаров одигра 37-37 на гостувањето кај Лемго во рамки на Европската лига на ЕХФ.
Нашиот интернационалец не се запиша во листата на стрелците, а имаше два обиди, кои не ги реализираше, а последниот беше за победа во завршните моменти од натпреварот.
Нант на полувремето водеше со 17-20, но во вториот дел не успеа да ја задржи предноста за да го освои целиот плен. Францускиот тим е на 3.место во групата Б со 11 бодови, два помалку од ГОГ и Бенфика, а еден повеќе од Лемго.