Ракометарките до 18 години на Јужна Кореја го освоија Светското првенство (СП) за кадетки, кое се одржа во Македонија, откако во финалето славеше со 31-27 против Данска.
Натпреварот беше возбудлив од самиот почеток и го одбележаа неколку пресврти на двете страни, а Јужна Кореја првата посериозна разлика ја имаше при 8-5, по што Данска се врати и израмни (9-9).
Данска потоа го презема водството (14-11), но сепак Јужна Кореја до полувреме стигна до израмнување (15-15).
И во второто полувреме се водеше голема битка, а Данска водеше со 22-20, по што Јужна Кореја со нов пресврт стигна до 24-22.
Ракометарките на Данска се обидуваа да се вратат во мечот, но сепак Јужна Кореја ја чуваше својата мрежа и ги реализираше шансите, па го освои трофејот.
Унгарија го освои третото место на СП, откако славеше против Холандија со 27-26, додека Македонија го освои 12. место