Според специјализираниот портал за ракомет, европските ракометни власти веќе донеле ваква одлука и до крајот на неделава би требало да ја соопштат. Причина за ваквиот потег била финансиската состојба на клубот.
И минатото лето Вардар се соочуваше со неизвесност, па првиот човек на клубот, Михајло Михајловски, мораше да обезбеди финансиска гаранција за црвено-црните да можат да влезат во елитната конкуренција.
Прашање е дали оваа неофицијална одлука е конечна или повторно ќе има простор за некаков договор. Ако, пак, навистина Вардар биде исфрлен, ќе остане на ЕХФ да реши што со загарантираното место на Македонија во ЛШ. Дали ќе му биде пренесено на вицепрвакот, Пелистер или, пак, за него ќе се борат екипите кои чекаат вајлд-карта.