Тој веќе ги договорил личните услови со освојувачот на трофејот во Лига Европа, а неговиот сегашен клуб ПСВ Ајндховен ќе добие 4 милиони евра.
Раководството на Ајнтрахт даде зелено светло за финализирање на зделката. Фудбалерот одбил уште неколку понуди да се врати во татковината, каде играше за Борусија Дортмунд и Баерн Минхен.
За тимот на ПСВ, Геце запиша вкупно 77 натпревари на кои постигна 18 гола и исто толку асистенции. Неговиот договор со ПСВ е до 2024 година, но Ајнтрахт ќе ја активира отштетната клаузула вредна 4 милиони евра.