Фудбалерите на Атлетико Мадрид ја продолжија победоносната серија со шестата победа по ред во шпанската Ла Лига. Во Мадрид на домашен терен Атлетико го совлада Алавес со 2-1.

Головите за Атлетико ги постигнаа Рикелме и Мората во првото полувреме, по што гостите се обидуваа да се вратат резултатски во натпреварот, а единствениот гол го постигнаа дури во 97. минута преку Гевара.

Екипата на Диего Симеоне има 25 бодови на третата позиција, но и одиграно еден натпревар помалку од Жирона и Реал Мадрид кои се на делба на првата позиција со 28 бода.