Македонскиот фудбалер и поранешен репрезентативец, Кире Ристевски го постигна првиот гол во триумфот на Етникос Ахна против Докса (2-0).
Ристевски со глава го совлада противничкиот голман во 12. минута од натпреварот, додека Кабрера во 24. минута погоди за победа од 2-0.
Етникос се наоѓа на 10. позиција во шампионатот со 21 бод, додека Докса остана на дното со 11 бодови.