Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ призна дека Росонерите се разочарани што ја напуштаат Лигата на шампионите, но вети дека ќе даде се од себе за да го освои Скудетото.
Нема да се предадеме“, категорично изјави 40-годишниот Ибрахимовиќ.
Милан е прв во Серија А по 16 натпревари, еден бод повеќе од Интер и два од Наполи. Лидерот во калчото загуби со 1-2 од Ливерпул во вторникот, а Атлетико Мадрид го освои второто место по победата над Порто, со што италијанскиот тим се најде на дното во групата.
„Разочарани сме што нема да продолжиме во Лигата на шампионите. Многу ни е жал, но ќе се бориме да ја освоиме скудетото. Ќе направиме се за да го освоиме и нема да се предадеме. Има и успех во неуспехот, ќе растеме и ќе стекнеме искуство“, изјави Ибрахимовиќ за Radio Deejay.
https://twitter.com/milansette/status/1468930997504856069?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1468930997504856069%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportm.mk%2Fibrahimovik-ke-ja-prodolzhime-titulata%2F