Јувентус загуби во Торино од Пари Сен Жермен со 1-2, но се протна во Лига Европа откако Бенфика убедливо го победи Макаби Хаифа на гости со 1-6. Со тоа го освои и првото место во групата, пред ПСЖ.

Килијан Мбапе и Нуно Мендеш беа стрелци за ПСЖ, а Леонардо Бонучи се запиша во листата на стрелците за италијанскиот тим.

 

Манчестер Сити со пресврт на „Итихад“ славеше против Севилја со 3-1. Рафа Мир погоди за водство на гостите по првиот дел, израмни младиот Рико Луис, а пресвртот го најави Хулијан Алварез. Третиот гол за „граѓаните“ го постигна Ријад Махрез.

ФК Копенхаген и Борусија Дортмунд ремизираа 1-1.