Шпанскиот тенисер Рафаел Надал на самиот старт го заврши учеството на Мастерсот во Париз.

Томи Пол, моментално 31-от играч во светот, беше подобар од него со 2:1 (3:6, 7:6, 6:1) во сетови по два и пол часа игра и со тоа стана првиот тенисер кој го елиминира Надал на овој турнир пред четвртфиналето.

Во моментов вториот играч во светот нема играно од почетокот на септември и неговата елиминација од УС Опен во мечот со Френсис Тиафо, додека Пол го елиминира Роберто Баутиста-Аугут во првото коло, во кое Надал беше слободен, а со тоа влезе „позагреан“ во овој натпревар.

Веднаш се виде дека за Надал нема се да оди мазно, иако тој прв стигна до предност во сетови. Американскиот тенисер го оствари првиот брејк во мечот при резултат 2:1, но противникот брзо одговори.

Надал веднаш ја искористи следната брејк топка, која беше доволна за да го освои првиот сет, за да забележи идентично сценарио и во вториот сет.

https://twitter.com/TennisTV/status/1587941380407660545?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1587941380407660545%7Ctwgr%5E669dea425c04e5ac622e6a41654c6f7a138e5dd4%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Ftenis%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D11dd%3D02nav_id%3D2236984

Додуша, беше обратно затоа што сега Надал беше тој кој прв му го одзеде сервисот на противникот, веднаш одговори Пол, но не успеа да ги искористи можностите за брејк во продолжението како Шпанецот и мораше преку тај-брејк да дојде до израмнување.

Крајот на вториот сет како целосно да го скрши Надал, па Пол без поголеми проблеми го доби третиот сет во кој му препушти само еден гем на противникот.

Така тој закажа средба со друг шпански репрезентативец, Пабло Карено Буста, кој го елиминираше Денис Шаповалов.

Со ова ни беше одземен дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Надал кој беше проектиран за полуфиналето, а сега главен кандидат да игра со српскиот тенисер е Стефанос Циципас.