Поразот од Порто ја заврши европската сезона за фудбалерите на Атлетико Мадрид.

По дебаклот на нивниот тим, навивачите на „јорганџиите“ ги повикаа играчите да влезат под трибината, но се појави само Саул.

По низата навреди за слабите резултати, Саул беше награден со аплауз за неговата храброст и почит кон навивачите.

Споменатиот фудбалер веќе 12 години ги брани боите на Атлетико, а по синоќешниот гест само уште повеќе ќе порасне во очите на навивачите.

https://twitter.com/JaviGomezCh/status/1587532890656612360?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1587532890656612360%7Ctwgr%5E1e1173cc4713bbc7055e3074c841b18c0f2fc874%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Ffudbal%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D11dd%3D02nav_id%3D2236844