Повратникот во Втората лига, тимот на Караорман, има нов шеф на струшниот штаб. Тоа е Дарко Крстески, познат наш некогашен фудбалер кој бил член на Победа, Ц. Звезда, Сутјеска, Борац Чачак, Флориана на Малта а бил стратег на Пелистер, Тиквеш, Победа.
Секако познато име кое ќе се обиде од составот на Караорман во сезоната 2022/23 да го извади максимумот.
Ова и официјално го објавија од страна на ФК Караорман и притоа му се заблагодарија на досегашниот тренер Илче Перески.