Илија Несторовски нема да ја менува средината во новата сезона. Удинезе на својата официјална страница потврди дека македонскиот фудбалер ја продолжил соработката до 2023 година.

Несторовски во Удинезе дојде во 2019 година од тимот на Памермо, во својата кариера играше за Интер Запрешиќ, Металург, Викторија Жишков, Словачко и прилепска Победа.