Македонската ракометна репрезентација откако вчера беше поразена од Египет во полуфиналето на Медитеранските игри во Оран утре ќе се бори за бронзен медал.
Ќе вкрстиме со репрезентацијата на Србија која загуби во интересен меч со Шпанија со 42:38. По првото полувреме резултатот беше неизвесен, а Шпанија на полувреме замина со минимални 22:21. Но во решавачките моменти во вториот дел Шпанците се одлепија и со тоа го поплочија патот до финалето.
Мечот Македонија – Србија е закажан за терминот во 12:30 часот.