Македонскиот тенисер Калин Ивановски забележа убедлива победа против Родриго Пачеко Мендез од Мексико со 2:0 (6:1 ; 6:2) .

Ивановски го совлада својот ривал со 6:1 и 6:2 и така се пласираше во осминафиналето на јуниорското издание на Вимблдон. Со силниот форхенд и бекхенд Македонецот постојано му правеше проблеми на противникот.

Мали проблеми имаше на почетокот на вториот сет, но во продолжение беше се посигурен и посигурен па така лесно дојде до победата. Мечот траеше еден час и шест минути.

Воедно Ивановски имаше перфектна завршница на мечот која дојде по исцрпувачкиот седми гем во кој му беа пoребни дури девет брејк топки за да му го одземе сервисто на противникот за 5-2. Македонецот потоа дојде на сервис каде не му дозволи на Пачеко да мрдне со тоа што последниот поен беше навистина мангупски. Се реши за сервис под нозе, потег кој се покажа како вистински за потврда на триумфот.

https://twitter.com/Wimbledon/status/1544302140436480002?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1544302140436480002%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fderbi.mk%2Fpoteg-koj-kje-se-vrti-mangupskiot-servis-na-ivanovski-za-potvrda-na-pobedata-video%2F

Во осминафиналето Ивановски ќе се сретне против подобриот од дуелот помеѓу Бутвилас (Литванија) и Коолак (САД).