Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ го комплетираше трансферот во Фиорентина, објави познатиот италијански новинар Фабрицио Романо.
Она за што се пишуваше со недели е потврдено, но тоа нема да биде позајмица како што беше најавено, туку целосен трансфер.
Јовиќ ќе потпише договор до 2024 година, со опција за продолжување на уште две сезони.
Реал Мадрид ќе добие клаузула од 50 проценти од следната продажба.
Јовиќ е во Реал од 2019 година, кога во голем трансфер пристигна од Ајнтрахт Франкфурт, каде исто така замина на позајмица во 2021 година.
Досега во српската репрезентација одигра 25 натпревари и постигна девет голови.
https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1544066592421646339?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1544066592421646339%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Ffudbal%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D07dd%3D04nav_id%3D2180735