Монца со враќањето во Серија А не само што сака да биде конкурентна, туку со имињата на засилувањата сака да атакува на висок пласман.
Како што некогаш правеа „дрим-тим“ во Милан, сега клупските челници Силвио Берлускони и Адријано Галијани сакаат да формираат тим доволно силен за да биде конкурентен со сите.
Откако веќе пристигнаа Андреа Ранокија, Стефано Сенси, Алесио Крањо и Андреа Карбони, сега на прагот на пристигнување е стандардниот репрезентативец на Италија , Матео Песина.
„Скај спорт“ објави дека ќе дојде на позајмица од Аталанта, со право на откуп на крајот од сезоната во износ од 15.000.000 евра.
Песина досега одигра 14 натпревари за „аѕурите“ и беше дел од тимот кој пред една година се искачи на врвот на Европа.
Картата на која играат Берлускони и Галијани е дека Песина е роден во Монца и израснал во тој клуб пред да се пресели во младинските редови на Милан.