Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон совладувајќи го Ботик ван де Зандшулп со 3:0 (6:4, 6:2, 7:6).
Вториот носител на турнирот за нешто повеќе од два часа тенис ги реши сите проблеми кои Холанѓанецот можеше или сакаше да му ги направи во Лондон. А имаше и такви, особено во самиот финиш.
Во битката за полуфинале, ривал на Надал ќе му биде Тејлор Фриц, кој претходно во текот на денот, исто така во три сета и многу лесно, го надигра Џејсон Кублер од Австралија – 6:3, 6:1, 6:4. .
Натпреварот започна со атрактивен поен за Надал, но Ван де Зандшулп држеше чекор со агресивниот Шпанец.
Така беше до 10-тиот гем од првиот сет кога Холанѓанецот целосно попушти под притисокот во гемот кој мораше да го добие.
Секако, Надал го искористи тоа, направи брејк во вистинско време и го освои сетот .
Сè потоа беше рутинска работа против ривал кој целосно ментално колабира.
Сето тоа се одрази во вториот сет, во кој Надал рано направи брејк, а подоцна уште еден и ниту милиметар не го намали притисокот врз сервисот на својот ривал.
Ван де Зандшулп покажа реакција на стартот од третиот сет кога ја искористи можноста за брејк, но во следниот гем го испушти сопствениот сервис.
Од тој момент, Надал беше видно решен што побрзо да го заврши сетот и мечот, а набрзо со нов брејк почна да ја остварува таа цел.
На 5:3 сервираше за победа, но се соочи со 0:40 и неочекувано го испушти сервисот, а Холанѓанецот преживеа.
Тој дури и заигра одлично во тие моменти, сериозно го вознемири вториот носител и го одведе третиот сет во тај-брејк.
И таму Надал стигна до три врзани меч топки, но од 6:3 му дозволи на својот ривал да се врати на 6:6.
Сепак, тогаш квалитетот дојде до израз и Шпанецот го заврши мечот пред мракот и паузата која секако ќе требаше да следи, што секако уште повеќе ќе го исфрли од такт.