Лоренцо Инсиње со гол се збогува од верните фанови на Наполи играјќи го последниот меч на стадионот „Диего Армандо Марадона“. Тој од следната сезона ќе настапува за Торонто, а погоди од пенал во 65.минута, во триумфот од 3-0 против Ѓенова.
Инсиње во 88. минута беше повлечен за да добие громогласен аплауз, а на негово место во игра влезе Елиф Елмас.
Виктор Осимен го постигна првиот, а Станислав Лоботка третиот гол за Наполи на овој меч.