Новиот германски шампион Баер Леверкузен продолжува со модлични игри и резултати во Бундес-лигата. Тимот на Чаби Алонсо оствари уште еден убедлив триумф совладувајќи го Бохум на гости со 0-5. Домаќинот по само 15 минути остана со фудбалер помалку поради исклучувањето на Феликс Паслак, а тоа „фармацевтите“ знаеја и тоа како да го искористат.