Меѓународната тениска федерација официјално ги прогласи Новак Ѓоковиќ и Ешли Барти за најдобри во 2021 година.
Во соопштението на ИТФ се истакнува дека Новак продолжил да урива рекорди и да пишува нови страници од историјата на тенисот во непроценливата ера на светскиот тенис.
„34-годишниот Србин имаше сензационална година, завршувајќи како најстар број еден, а сега е пред Пит Сампрас со најмногу награди светски шампион на ИТФ“, се вели во соопштението.
Се издвојуваат резултатите кои Новак ги постигна во изминатите 12 години
„После една ваква успешна година за мене, мојот тим, семејството и навивачите, голема чест е да бидам победник на ИТФ Светски шампион по седми пат. Благодарен сум и горд на резултатите што ги постигнав и среќен сум што имав шанса да се натпреварувам за српската репрезентација“, изјави Ѓоковиќ.
Ешли Барти е најдобра во женскиот тенис.
Австралијанката освои пет трофеи во 2021 година, од кои најголемиот триумф секако е на Вимблдон.
„Да се биде светски шампион на ИТФ во 2021 година е нешто на што сум многу горда, благодарам на мојот тим и семејството за се што прават за мене и секако им благодарам на сите навивачи ширум светот кои продолжуваат да ме поддржуваат“, рече Барти.