Селекторот на Бугарската фудбалска репрезентација – Јасен Петров ја коментираше ждрепката за Лигата на нации. Бугарија се најде во групата со Македонија, Грузија и Гибралтар.
“За мене ждрепката што ја добивме е исклучително добра. Без да потцениме ниту еден противник, бидејќи не сме на таа позиција. Среќни сме, нашата цел е да бидеме први во групата. Имаме почит за секој противник и мораме Ќе одиграме 4 натпревари по ред, што ќе биде предизвик за нас, но ние сме подготвени на се.
Им посакувам успех на нашите фудбалери и среќни празници. Посакувам луѓето со кои работиме да имаат успешна 2022 година, во која не се сомневам“, изјави Јасен Петров.