По вчерашното реми 0:0 со Ерменија, селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, повика уште еден фудбалер кој ќе ја засили конкуренцијата во нападот.
Фудбалерот на Шкупи Кире Маркоски, доби дополителен повик од селекторот и ќе им се приклучи на репрезентативците во подготовките за претстојните натпревари против Исланд и Романија, во рамки од септемврискиот прозорец од квалификациите за Светското првенство во Катар.
Охриѓанецот беше дел од историската У21 генерација која учествуваше на Европското првенство во Полска пред четири години. Пред да потпише за Шкупи 26 годишниот напаѓач настапуваше и за Работнички, Аел Лимасол, Спартак Трнава и Академија Пандев.
За сениорите има вкупно 5 настапи и еден постигнат гол.