Гонсало Гуедеш ги доведе „лилјаците“ во водство од 1-0 во 24.минута. Лукас Перез од пенал во 54.минута израмни на 1-1 за гостите. Победата ја обезбеди Хуго Дуро во 79.минута. Пет миути подоцна гостите останаа и со играч помалку па немаа сили да направат нешто повеќе.

Валенсија е вториот полуфиналист во Купот по Рајо Валјекано. Утре ќе се дознаат преостанатите два тима откако ќе се одиграат дуелите Атлетик Билбао – Реал Мадрид и Реал Сосиедад – Бетис.