Пливачката од Хонг Конг, Шивон Хоги го собори светскиот рекорд на 200 метри слободно во мал базен.
Таа освои и златен медал на Светското првенство во Абу Даби.
Хоги последната трка ја исплива за 1:50,31 минути, а претходниот рекорд го држеше Швеѓанката Сара Сјестрем (1:50,43).
Среброто на денешната трка го освои Канаѓанката Ребека Смит (1:52,24), додека бронзата ја освои Американката Пејџ Маден (1:53,01).