Енди Мари е вториот полуфиналист на егзибицискиот турнир Мубадала на Светскиот шампионат во тенис во Абу Даби.
Во британското дерби, поранешниот светски рекет број еден Енди Мареј го победи Даниел Еванс со 6-3, 6-2 за 87 минути игра .
Така тенисерот од Данблан успеа да се избори за меч со исто така поранешниот број еден во светскиот тенис, Шпанецот Рафаел Надал.
Рафа беше слободен како прв носител, а мечот со Мареј ќе му биде прв по август и Сити Опен во Вашингтон.
Инаку Мареј доста лесно дојде до победата над Еванс.
Со два брејка стигна до убедливи 5:1 во почетниот сет. Еванс направи брејк во седмиот гем, а потоа се врати на 5:3, но Енди сервираше и го освои сетот.
Од првите пет гејма во вториот сет видовме четири брејка, а Мареј направи три и поведе со 5:1.
Еванс успеа да намали на 5:2, но Мареј уште еднаш беше сигурен на сервис и со тоа ја запечати победата.
Мареј и Надал немаат играно повеќе од пет години, поточно од полуфиналето на Мастерсот во Мадрид во 2016 година.