Управниот одбор на Премиер лигата откажа уште четири натпревари кои беа на програмата следниот викенд.
Поради проблеми со коронавирусот, по натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Брентфорд, кој беше откажан претходно, одлучено е да не се одиграат три натпревари во сабота и еден во недела.
Станува збор за саботните натпревари Саутемптон – Брентфорд, Ватфорд – Кристал Палас и Вест Хем – Норвич, како и дуелот помеѓу Евертон и Лестер кој требаше да се одигра во недела на 19 декември од 13 часот.
Од централата на Премиер лигата изразуваат жалење за навивачите што натпреварите нема да се одиграат и најавуваат дека сите други натпревари ќе се играат според распоредот.
Беше истакнато дека одлуката за одложување е донесена на барање на клубовите кои пристигнаа во текот на денот.
Исто така, постои силна определба за продолжување на натпреварувањето, и покрај тешката ситуација, и покрај тоа што има се повеќе луѓе кои сметаат дека привремениот прекин на натпреварувањето би бил покорисен.