Суарез изведе слободен удар, направи итар потег и му асистираше на Франко Кристалдо, кој постигна гол, а фудбалерите на Авенида тргнаа кон судијата.
Гостинските фудбалери потоа полудеа и го нападнаа судијата. Втор жолт картон му беше доделен на капитенот на Авенида, но останатите го опколија, поради што воена полиција влезе на терен.
Снимките од Бразил покажауваат како многу полицајци со штитови пристигнуваат на теренот, кои го бранат судијата од играчите на Авенида.
Гремио е лидер во регионалната лига со максимални 21 бод. Суарез, поранешниот напаѓач на Ајакс, Ливерпул, Барселона и Атлетико, дојде во клубот на крајот на минатата година, откако го напушти уругвајскиот Насионал. Тој постигна седум од вкупно 14 гола на неговиот тим, а дебитираше со хет-трик.