Фудбалерите на шпанскиот прволигаш Кадиз преживеале вистинска драма на летот кон Ел Салвадор, каде треба да одиграат пријателски меч против тамошен локален клуб. Поради проблеми со авионот, авионот морал да биде приземјен само 10-тина минути откако полетал. Авионот принудно бил спуштен во Севилја.
Интересно е дека летот доцнел дури осум часа без да бидат кажани никакви причини. Од Кадиз сепак решиле да не го одложат патот и трпеливо чекале авионот да полета. Драмата започнала 10 минути по полетувањето кога еден од моторите на авионот Боинг 767 престанал да работи.
Пилотот најавил дека авионот мора принудно да слета, а тогаш започнала паниката меѓу фдубалерите.
„Мислевме дека ќе умреме. Секакви мисли ни поминуваа низ главите. Приметивме мала експлозија, а потоа членовите на посадата станаа панични. Имаше проблем со моторот, но за среќа се заврши добро“, раскажува играчот за врска на Кадиз, Алекс Фернандес.