Холанѓанецот Думфрис во финишот го спаси Интер од пораз. Интер и Лацио одигааа нерешено 1-1, а новиот шампион на Италија се спасуваше од пораз во самиот финиш од натпреварот.
Лацио се израдува на гол уште во четвртата минута, но погодокот на Кастељанос беше поништен поради офсајд.
Сепак Камада во 32. минута донесе водство за Лацио од 1-0.
Тој резултат беше актуелен се до 87. минута кога Думфрис по асистенција од Санчез изедначи на 1-1.