Францускиот тенисер Хуго Умбер доби позитивен тест на коронавирус само еден ден откако беше елиминиран од Австралија Опен.
Информацијата ја пренесе на социјалните мрежи и изјави дека сега ќе се соочи со седумдневна изолација во Австралија.
Подобар од него во првиот круг беше Ришар Гаске. Сонародникот го победи во четири сета со 3:1 (3:6, 7:6, 7:6, 6:3).
Умбер, 40-тиот играч во светот, се заблагодари за поддршката што ја доби од навивачите.