Хрватскиот кошаркарски сојуз (ХКС) и поранешниот селектор на хрватската сениорска репрезентација Вељко Мршиќ постигнаа договор за раскинување на соработката.
Мршиќ ја презеде репрезентацијата со одлука на Управниот одбор на ХКС во мај 2019 година, ги водеше првите натпревари во летната НБА лига во Лас Вегас, а потоа успешно ја предводеше Хрватска низ квалификациите за ЕП.
„Хрватскиот кошаркарски сојуз му се заблагодарува на господинот Мршиќ за одвоеното време и напорната работа, за неговиот придонес во напорите насочени кон зајакнување на хрватската кошарка и секако за многу коректната соработка. Би сакал да му посакам многу успех во идните деловни ангажмани“, рече Претседателот на ХКС Стојко Вранковиќ по повод раскинувањето на договорот со тренерот.
Селекторот Вељко Мршиќ до неодамна им се заблагодари на ХКС и неговите соработници за соработката:
„По речиси три години добра соработка, му благодарам на Хрватскиот кошаркарски сојуз за укажаната доверба, што резултираше со успешен пласман на репрезентацијата на Европското првенство, што беше дефинирано како примарна цел. Посебна и длабока благодарност до играчите кои несебично го дадоа својот максимум.Им благодарам и на сите луѓе кои беа вклучени во работата на репрезентацијата, на вработените во федерацијата и стручниот штаб за поддршката, а на целата репрезентација и посакувам многу успех во продолжувањето квалификациите со голема желба да ја видиме Хрватска на Мундијалот“, изјави Мршиќ.
Мршиќ нема да остане невработен, ќе го преземе шпанскиот Бреоган кој во моментов е осми во Ендеса лигата со скор 9-7.
Инаку, Мршиќ веќе беше тренер во Шпанија. Во сезоната 2017/2018 го водеше Билбао, а во играчката кариера настапуваше за Уникаха, Жирона и Гранада.