Шпанскиот тенисер Рафаел Надал без проблеми се пласираше во осминафиналето на Ролан Гарос.
Рафаел Надал го победи холандскиот тенисер Ботик ван де Зандшлуп со 6:3, 6:2, 6:4 во третото коло на Ролан Гарос.
Во првиот сет беше интересно што многу брзо видовме два брејка, по еден на двете страни, а потоа Надал направи клучен брејк во шестиот гем за водство од 4:2.
На крилата на тој брејк поранешниот прв играч на светот успеа да го освои првиот сет, а потоа многу полесно го започна вториот, исто така со два брејка дојде до предност од 4:1 и со 6:2 дојде до вториот сет и водство од 2-0.
Потоа во третиот Надал тргна силно и стигна до 4:1, но наместо рутинска завршница видовме брејк од Де Зандшлуп, па Холанѓанецот намали на 4:3.
Имаше мали проблеми, но шпанскиот тенисер успеа да го добие третиот сет со 6:4 и да го елиминира Ван де Зандшлоп со 3-0.
Во следното коло ќе игра против Оже-Алијасим кој го совлада Филип Крајиновиќ.