Се појави ново видео на кинеската тенисерка Пенг Шуаи, повторно објавено во јавноста и ги отфрли сите обвинувања против поранешниот вицепремиер. Светот се уште гледа со недоверба на овие нејзини јавни настапи .
Кинеската тенисерка Пенг Шуаи во неделата изјави дека никогаш не обвинила никого дека била принудена на сексуален однос и дека нејзината објава на социјалните мрежи на почетокот на ноември била погрешно протолкувана.
„Морам да истакнам дека никогаш не реков или напишав дека некој ме принудил на секс. Морам да го истакнам тоа“, рече Пенг Шуаи во видеото за Лианхе Заобао, сингапурски дневен весник на кинески јазик.
Пенг Шуаи, некогашната светска тенисерка број еден во двојки, на почетокот на ноември го обвини поранешниот вицепремиер Џанг Гаоли дека ја принудил на секс пред три години. Нејзината порака, објавена на социјалните мрежи, веднаш беше цензурирана и 35-годишната тенисерка исчезна од очите на јавноста три недели, предизвикувајќи загриженост во тенискиот свет.
Ова е првпат Пенг Шуаи јавно да проговори за овој случај пред камера. Таа го кажа ова за време на натпревар во скијачко трчање во Шангај.
Таа исто така рече дека нејзината објава на социјалната мрежа Веибо е приватна работа и дека живее во нејзиниот дом во Пекинг без надзор, но не го спомна Џанг Гаоли.
Женската тениска асоцијација (ВТА), која претходно овој месец објави дека ќе ги суспендира турнирите во Кина поради овој случај и повторно повика на истрага.
Добро е што можевме повторно да ја видиме Пенг Шуаи во јавноста и се надеваме дека е добро. Но, овие појавувања не одговараат на нашата загриженост за нејзината состојба и способност да комуницира без цензура и принуда. Остануваме цврсти на нашите барања за целосна и транспарентна, нецензурирана истрага за нејзините обвинувања за принуден секс“, соопшти ВТА.