Вториот тенисер во светот, Рафаел Надал продолжи со лошите резултати на Завршниот турнир во Торино, откако денеска загуби од талентираниот Феликс Оже-Алиасим со 3-6 и 4-6.
Долго траеше борбата во првиот сет, па девет гема се играа цели 53 минути, а Шпанецот испушти неколку шанси по што стигна казната од Канаѓанецот (6-3).
Оже-Алиасим направи брејк уште во раната фаза од вториот сет, а Надал имаше шанси да се врати и да израмни на 3-3, но не успеа, па тенисерот од Канада набрзо стигна до 6-4.
Шансите за пласман во следната фаза на турнирот во Торино за Надал се минимални. Тој во последното коло ќе игра против Каспер Руд, додека Оже-Алиасим ќе се соочи со Тејлор Фриц.