Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ одигра одличен натпревар против Гркот Стефанос Циципас и славеше со 2-0 во сетови, односно 6-4 и 7-6 и запиша победа на стартот на завршниот турнир во Торино за 100 минути.
Србинот направи брејк на противнички сервис уште во првиот гем на првиот сет (1-0), а потоа не му дозволи на Циципас да стигне до ниту една брејк-топка и така го освои сетот со 6-4.
Циципас пропушти една брејк можност во вториот сет, по што двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис, а на крајот Ѓоковиќ во тај-брејк со 7-4 го реши противникот.
Ѓоковиќ има една победа во „црвената“ група, колку што има и Рубљов, а следниот натпревар го игра против Медведев.