Андреј Рубљов го освои трофејот во Монте Карло, откако го совлада со 2-1 во сетови, односно 5-7, 6-2 и 7-5 Холгер Руне.
Норвежанецот направи брејк во шестиот гем за водство од 4-2, по што Рубљов во следниот гем врати со иста мера и потоа израмни на 4-4. Сепак, Руне беше подобар во 12. гем кога ја искористи првата брејк топка и го доби сетот со 7-5.
Рубљов играше поагресивно во вториот сет и со дури три брејка стигна до 6-2 со што израмни на 1-1 во сетови, по што победникот мораше да се решава во трет сет.
Руне имаше подобар старт и со брејк стигна до водство од 3-0, но како минуваше времето, така Русинот се будеше и најпрво израмни на 4-4, по што со уште еден брејк направи пресврт за триумф од 7-5.